Арго

ΑΡΓΩ

3 weeks 2 days ago

ЈУНИ Се верува дека jуни, на латински Iunius, го добил името по Јунона (Iuno). Во римскиот пантеон таа е божица на бракот и сопружничката љубов,

ΑΡΓΩ

1 month 4 days ago

Откако професорот Китинг (Робин Вилијамс), во култниот филм "Друштвото на мртвите поети", ги поттикнуваше своите ученици да го зграпчат денот и да си го направат својот живот исклучителен, CARPE DIEM стана неизбежна фраза во нашето секојдневие.

Станува збор за дел од стих од песна од римскиот поет Хоратиј (конкретно, единаесеттата ода во првата од четирите книги кои Хоратиј ги нарекол Carmina), како хедонистички одговор на сознанието за минливоста на животот и свесно ставање настрана на големите животни прашања.

"Carpe" е императив од глаголот "carpo" што на латински значи "берам" со што Хоратиј дава скриена слика на плод кој го береме за да го изгриземе и да му се насладуваме до последниот залак, па, така и секој ден да го зграпчиме и исползуваме како да е последен.

Хоратиј, Песни I.11

Не прашувај, забрането е да се знае
каков мене, а каков тебе
боговите крај ни дале.

И наместо да ги искушуваш вавилонските броеви,
подобро,
што и да дојде,
поднесувај.

Дали уште многу зими имаме,
ил' Јупитер, оваа што сега го разбива на карпите морето Тиренско за последна ни ја дал,
(не прашувај се) Левконојо,

биди мудра, налеј од виното
и скроти си ја далекусежната надеж.
Додека зборуваме, времето завидливо веќе одлета,
зграпчи го денот
и најмалку вера положи во следниот.

Преводот на песната од којашто е одлетана крилатицата Carpe diem е на Моника Силјановска.

ΑΡΓΩ

1 month 6 days ago

„Музеј" е од старогрчката именка Μουσεῖον (Mouseîon) – „храм, светилиште, престојувалиште или дом на музите", „место каде што се практикуват уметностите и науките кои се

ΑΡΓΩ

1 month 1 week ago

Мајските Иди (15 мај) во Рим биле ден посветен на Меркуралиите – празници во чест на богот Меркур. Во римскиот пантеон Меркур е бог на трговијата, красноречието и итрината, гласник на боговите и водач на душите на умрените во подземниот свет. Под негова закрила се трговците, крадците, измамниците, патниците, овчарите и поетите. Исто како Хермес, кој му е пандан во грчкиот пантеон, Меркур носи сандали со крилца и патничко шеширче, а во раката држи кадукеј – гласничка палка обвиена со две змии, со крилја на врвот. Често е придружуван од петел, овен, коза или желка, од чијшто оклоп ја направил лирата.

Меркур бил чествуван токму на мајските Иди зашто на тој ден во 495 година пр. н.е. бил осветен неговиот храм на Киркус Максимус. На овој ден членовите на трговските друштва, кои се нарекувале меркуријалци (лат. mercuriales), си ги прскале главите и стоката со света вода од изворот што се наоѓал во близина на Капенската порта (porta Capena). Оваа порта била една од трите главни порти преку кои се влегувало во Рим, а водата од изворот што се наоѓал во нејзина близина била позната како aqua Mercurii („Меркурова вода“). Преку ритуалното прскање со водата од овој извор меркуријалците се обидувале да ја стекнат наклоноста на својот заштитник Меркур.

Најмалата и најблиската планета до Сонцето во Сончевиот систем, планетата Меркур, го добила името по богот Меркур. По него во англискиот бил наречен и хемискиот елемент жива (англ. mercury), кој исто како и богот е подвижен и брз. Од името на Меркур во романските јазици се изведени и имињата на третиот ден во неделата, денот среда. Овој ден, бидејќи му бил посветен на Меркур, Римјаните го викале dies Mercurii („ден на Меркур“). Затоа на француски „среда“ се вика mercredi, на италијански mercoledì, а на романски miercuri.

Слика: „Меркур“, Хендрик Голциус (1611-1613), Музеј на Франс Халс, Харлем

#аргоретро

ΑΡΓΩ

1 month 2 weeks ago

9 мај, денот што денес го славиме како ден на победата над фашизмот, во Рим бил првиот од трите денови во годината кога Римјаните со

ΑΡΓΩ

1 month 2 weeks ago

Најстарата целосно зачувана музичка композиција на светот е песната на Сејкил (Σεικίλος), старогрчки лирски поет од I век пред нашата ера. Текстот на композицијата и

ΑΡΓΩ

1 month 3 weeks ago

Мaj го добил името веројатно по Маја (лат. Maia) - староиталската божица на природата, плодната земја и билките. Маја му била ќерка на богот на природата Фаун и жена на Вулкан, богот на огнот. Подоцна Римјаните оваа Маја ја поистоветиле со грчката Маја (грч. Μαῖα) – ќерката на титанот Атлант и на океанидата Плејона. Оваа Маја е најстарата, најубавата и најсрамежливата од седумте Плејади. Најпозната е како мајка на Хермес (кај Римјаните Меркур), богот на трговијата, гласникот на боговите и најмладиот од дванаесетте олимписки богови.

Секоја година на мајските Календи (1. мај), свештеникот на Вулкан ѝ принесувал на Маја бремена свиња како жртва. На мајските Иди, пак (15. мај), трговците доаѓале пред храмот на Меркур и им принесувале жртви на Маја и на син ѝ Меркур.
Овидиј, пак, пишува дека мај го добил името од maiores (‘предци’, букв. ‘поголеми’, ‘постари’), зашто Ромул овој месец им го посветил на предците, исто како што следниот месец, месецот јуни, им го посветил на младите (лат. iuvenes, компаратив iuniores).

📷 Бартоломеус Спрангер, „Вулкан и Маја“(1585), Kunsthistorisches Museum Wien

#аргоретро

ΑΡΓΩ

1 month 3 weeks ago

На денешен ден во Рим почнувале Флоралиите (лат. Floralia) - игри во чест на Флора (од лат. flos ‘цвеќе’), божицата на цвеќињата, вегетацијата и плодноста. Флора е многу древно италско божество, едно од најстарите во римската религија.

На Флоралиите се прикажувале театарски претстави - комедии и мимови, се одржувале ритуални трки со зајаци и кози и гладијаторски претстави во кои жени, како од мајка родени, танцувале и се бореле. Шест дена, колку што траеле Флоралиите, насекаде низ Рим летале зрна грашок и грав, кои се сметале за симбол на плодноста. Светониј пишува дека во 30 година, кога идниот император Галба бил претор, за време на Флоралиите била приредена дотогаш невидена претстава - слонови што одат по жица.

Флора, фреска од Помпеи, Археолошки музеј на Наполи

ΑΡΓΩ

1 month 4 weeks ago

Марк Аврелиј (26 април 121 година - 17 март 180 година)

„Биди како карпа од која се прекршуваат брановите. Таа стои неподвижна, а морето што беснее околу неа, постепено се смирува. Никогаш не вели: "Несреќен сум, зарем мораше тоа да ме снајде!" Секогаш вели: "Среќен сум што живеам безгрижно и не сум погоден од тоа што сега ми се случува, ниту се плашам за иднината!" Такво нешто може секому да се случи, но не секој во извесна прилика може да остане безгрижен.“

Марк Аврелиј, За самиот себе, превод од старогрчки Наталија Поповска, Три, 2005.

Портрет на Марк Аврелиј, II век, Волтерс, Балтимор

ΑΡΓΩ

2 months 2 days ago

ОРЕЛОТ НА ПРОМЕТЕЈ

Кавказ и за мене е кафез.
Иако не сум прикован за карпана
јас морам по цел ден да му го колвам џигерот
па ноќе, јасно, сум сосема папсан.

Дур нему џигерот му се обновува и расте
јас сонувам за бескрајните пространства
што некогаш ги летав слободен
пред боговите да ми ја дадат гаднава работа.

А тие ни сами веќе не знаат што сакаат.
Ми велат – колви го, но не премногу за да не пцојса;
нека го боли, но понекогаш и заскокоткај го
за да ждригне она што мисли…

Но јас не го разбирам ни она што го збори!
– Како тоа, кога си му утробата,
кога знаеш што јаде и што пие?
Научи му го јазикот на клетките!

Хм, божем богови, а ништо не разбираат.
Дур јас го колвам, без ништо да му можам,
глувци и стаорци им ги јадат дур и жртвите
што луѓето уште им ги пренесуваат

а не пак летнината и зимнината.
Јас, пак, сум толку наколкан што не можам да летам
(а да јадам џигер замразив за довек!)
Тие, кутрите, мислат – Прометеј е само џигерот.

Богомил Ѓузел (1939-2021)

Рубенс, Окованиот Прометеј, Музеј на Филаделфија

Scroll to top