ЗА НАС

Оваа веб страница конципирина како водич за патување низ антиката нуди различни содржини што можат да ги ползуваат наставници и ученици од основните и средните училишта, но и други заинтересирани.

Речиси и да нема сегмент од современиот живот, наука, култура, уметност каде што влијанието на цивилизациите на Стара Грција и Рим не е сѐ уште присутно и видливо. Во земјите како Република Северна Македонија, коишто изобилуваат со археолошки наоѓалишта и материјални наоди од античкиот период заради географската, политичката и културолошката поврзаност со овие цивилизации, познавањето на класичната култура е и прашање на развивање на свесноста за важноста и значењето на културното наследство уште од најмали нозе. Оттаму, јасно е зошто во основното и средното образование неопходно се вклучени наставни содржини поврзани со сите аспекти на животот, културата, историјата на Стара Грција и Рим и класичните јазици, старoгрчкиот и латинскиот.

Со цел да повлијае да се промени начинот на кој младите ги доживуваат антиката и културното наследство и да придонесе за промена на односот што го имаат кон нив, како и за осовременување на наставните методи и дополнување на дидактичките насоки во деловите од наставните програми по предметите во коишто се застапени содржини што на директен или индиректен начин се во релација со античкото културно наследство, Здружението на класични филолози „Антика“ во соработка со СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје, а со финансиска поддршка од Градот Скопје во 2019 го реализираше проектот „Хермес: Водич за средношколско патување низ антиката“. Оваа веб страница настана како продолжение на проектот, односно, „Хермес: Водич за средношколско патување низ антиката 2“, повторно со поддршка од Град Скопје со цел да се овозможи одржливост на резултатите и активностите од претходната година.

Уредувачкиот одбор ќе се грижи и настојува веб страницата и во иднина да се збогатува и дополнува со нови содржини и прилози. Упатството за подготовка и доставување на прилозите можете да го преземете овде.


Уредувачки одбор:

Валериј Софрониевски, Весна Димовска, Елена Џукеска, Светлана Кочовска-Стевовиќ, Даниела Тошева-Николовска

Секретар на уредувачкиот одбор:

Слободан Танасковски

Контакт

Здружение на класични филолози „Антика“

бул. Гоце Делчев 9а, 1000 Скопје

Е-пошта: zkfmantika@gmail.com

Scroll to top