Содржините поставени на веб страницата „Хермес – водич за средношколско патување низ антиката“ ги уредува и селектира Уредувачки одбор составен од претставници на здружението „Антика“.
Нови содржини соодветни за поставување во некоја од рубриките можат да испраќаат сите корисници на веб страницата, а особено наставници и ученици од средните и основните училишта во Република Северна Македонија. Прилозите може да бидат материјали поврзани и наменети за настава (обработки на наставни содржини, подготовки за час, тестови, презентации, видео материјали и сл.), но и да бидат прилози изработени од ученици како задолжителна или дополнителна активност. Ученичките прилози пред да бидат испратени за објавување треба да бидат прегледани и коригирани од наставниците – ментори.
Уредувачкиот одбор може да ги селектира, да ги одобри за објавување или, евентуално, да побара од авторите да ги доработат или коригираат прилозите. Авторите на прилозите во рок од еден месец по приемот ќе бидат известени по писмен пат за мислењето и одлуката на Уредувачкиот одбор.
Прилозите може да се достават на електронската адреса здружението „Антика“: zkfmantika@gmail.com.